• вторник, 30 април 2024

Вработен во Шумското во Струга незаконски дал службен чекан за жигирање дрва на друго лице

Вработен во Шумското во Струга незаконски дал службен чекан за жигирање дрва на друго лице

Струга, 2 април 2024 (МИА) - Вработен во јавното претпријатие „Национални шуми - шумско стопанство Јабланица-Струга“ незаконски дал службен чекан за жигирање дрва и овозможил нелегален транспорт на дрва.

СВР Охрид денеска соопшти дека ОВР Струга поднело кривична пријава против С.П.(57) од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ Несовесно работење во службата“.

- Тој, во својство на службено лице вработен во јавното претпријатие „Национални шуми-ШС Јабланица-Струга“, ја искористил својата службена положба и незаконски, на управител на едно трговско друштво, му го дал на располагање службениот чекан за жигирање со кој бил лично задолжен, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Со тоа, како што појасни, му овозможил нелегално да жигира дрва, да ги транспортира без соодветна документација, да ги легализира, да ги пушти во промет и да оствари противправна имотна корист. сс/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан