Ливерпул е оптимист за продолжување на договорите на напаѓачот Мохамед Салах и дефанзивецот Вирџил ван Дајк, пишува „The Athletic“.
Сегашните договори истекуваат на лето, но преговорите за продолжување добро напредуваат.
Триесет и двегодишниот Салах оваа сезона постигна 27 гола и 17 асистенции на 31 натпревар во Премиер лигата. Тој е најдобар стрелец и асистент на првенството.
Ван Дајк (33) одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и една асистенција.
За време на нивниот престој со Ливерпул, Салах и Ван Дајк станаа шампиони на Англија, победници на англискиот куп и Суперкуп, победници на Лигата на шампионите, победници на Суперкупот на УЕФА, двапати го освоија англискиот Лига куп и еднаш Светското клупско првенство.
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујне би можел да ја продолжи кариерата во МЛС, пренесува „Мирор“.
Интер Мајами е подготвен да му понуди договор на 33-годишниот Белгиец, но тој ќе мора да се соочи со конкуренција на екипи од Саудиска Арабија.
На 4 април, Де Брујне објави дека ќе го напушти Манчестер сити на крајот од сезоната.
Белгиецот игра за Сити од 2015 година. За ова време, тој забележа 413 настапи за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи 106 гола и 174 асистенции.
Со Манчестер сити, Де Брујне ја освои Премиер лигата шест пати, ФА Купот двапати, Суперкупот три пати, Лига Купот пет пати, а исто така стана победник на Лигата на шампионите во сезоната 2022/23.
Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд размислува да го напушти клубот, објави „Ел Национал“.
Дваесет и четиригодишниот фудбалер е незадоволен од неодамнешните резултати на тимот, кои би можеле да го натераат да го смени клубот.
Дури и со договор до 2034 година, на „Граѓаните“ ќе им биде тешко да ја задржат ѕвездата доколку тој конечно реши да си замине.
Ситуацијата на Халанд во Сити ја следат ПСЖ и Баерн кој се заинтересирани за негов ангажман.
Неодамна Халанд заработи повреда на скочниот зглоб на четвртфиналниот натпревар од ФА Купот против Борнмут. Според тренерот Хосеп Гвардиола, напаѓачот ќе пропушти 5-7 недели.
За Сити оваа сезона Норвежанецот одигра 40 натпревари во сите натпреварувања, постигна 30 голови и четири асистенции.
Ј. Ѓ.