Премиер лигата воведува ограничување на трошењето по примерот на американските спортови

На последниот состанок на клубовите од англиската Премиер лига донесен е заклучок дека е потребно воведување ограничување на трошењето, односно squad cost, како што се нарекува во САД, и се однесува на нивните првенства во сите спортови.

Тоа значи дека платите на сите фудбалери, како и амортизираните трошоци за трансфер и исплатите за агентите не смее да бидат поголеми од петпати од она што го заработила последната екипа на табелата од ТВ-права и комерцијални цели.

Против потребата од носење вакво правило биле само екипите на Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Астон вила, додека екипата на Челзи гласала против. Сега клубовите имаат време да го усогласат правилото, а за конечно носење потребно е „за“ да гласаат 14 од 20-те клубови.

Доколку, како пример, се земе минатата сезона, последната екипа на Саутхемптон заработила 121,1 милиони евра, па максималната граница за вредноста на екипите би била 605,5 милиони евра. Во моментов само Челзи ја надминува оваа сума со 630,3 милиони евра, додека малку под границата е Манчестер сити со 586 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести