Премиера

„Хајка“ го објавија својот втор албум „Мека Машина“

Македонскиот панк рок бенд „Хајка“, инаку познат по нешто потежок звук, започна да експериментира со пост-панкот и електрониката на свеж самиздат. Албумот „Мека машина“ од вчера е достапен на нивниот YouTube канал. и како ЦД издание.

Иако името на изданието попрво би било поврзано со познатиот бенд од сцената на Кантербери, нијансираниот и абразивен пристап кон работата не ги напушта едноставните панк корени, туку ги збогатува со призвук на електроклаш, дисонантни гитарски пасуси и денс-панк во стилот на Pylon, Fad Gadget и Contortions.

Можеби ќе ве интересира: