Требаше да потпише за Јуве, реши да се врати дома

Фелипе Андерсон уште пред извесно време објави дека нема да потпише нов договор со Лацио и како слободен играч на крајот од сезонава ќе си замине од „Олимпико“.

Јувентус долго време се наоѓаше на врвот во трката по Андерсон, па затоа големо изненадување е што синоќа беше објавено дека Бразилецот потпишал нов клуб, но тоа не е „старата дама“. По долго размислување, одличниот офанзивец реши да се врати назад во татковината потпишувајќи договор со Палмеираш.

Токму бразилскиот клуб го официјализираше овој трансфер, објавувајќи на својот инстаграм профил дека Фелипе Андерсон е големото засилување за наредната сезона по потпишаниот договор со важност до 31 декември 2027 година.

Андерсон сезонава има пет гола и шест асистенции во дресот на Лацио.

Се вчитува...