Во прв ред

Со хорот „Хармосини“ во Македонската филхармонија „Мизар“ ќе одржи концерт на 12-ти мај (Фото)

Култниот македонски рок бенд „Мизар“ ќе одржи концерт во Македонската филхармонијата на 12-ти мај, со почеток во 20 часот. На концертот насловен „Мизар и Хармосини – Гласови“, групата ќе биде придружувана од македонскиот византиски хор „Хармосини“.

„Седумнаесетмина најдобри македонски музичари-инструменталисти, предводени од Горазд Чаповски, хорот „Хармосини“ и аранжерот и диригент Дени Омерагиќ ќе ви ги донесат безвременските хитови на „Мизар“, стои во најавата на концертот.

Картите се во продажба преку ticketx.mk.

Можеби ќе ве интересира: