Вести Македонија

Македонските шуми се сечат безмилосно – од пилите на дивите сечачи годишно се оголуваат 20 до 25 илјади кубни метри

Дваесет до дваесет и пет илјади кубни метри дрва се сечат нелегално на годишно ниво, покажуваат статистиките на надлежните институции. Македонските шуми се сечат безмилосно, тоа е организиран криминал во кој се вртат десетици милиони евра годишно, проценуваат шумарските инженери. Тие велат дека според нивните сознанија реалната бројка на нелегална сеча е десеткратно поголема. Од Регионалниот центар за шумарство сметаат дека овој проблем од година во година станува се посериозен.

„Со текот на годините не можеме да кажеме дали овој процент расте или опаѓа со верификувани податоци бидејќи статистичките податоци од надлежните институции отприлика се движат во едно исто ниво. Но, пораките што ги добиваме од нашите колеги, граѓаните и локалните организации велат дека проблемот со нелегална сеча е се поизразен и дека се поголеми шумски пространства се деградирани и опустошени од нелегалната сеча“, изјави Сашо Петровски, регионален центар за шумарство и рурален развој РЕФОРД.   

Петровски смета дека за надминување на овој проблем потребно е брзо и ефикасно решение. Со вклучување на повеќе мерки и методи би можело да се стави стоп на дивокрадците.

„Пред сѐ се бара соодветен институционален одговор којшто се чини дека во моментот недостасува во Македонија. Потребно е замена на традиционалното гориво за загревање на домаќинствата како што е огревното дрво, мерки за субвенции за примена на иновативни системи коишто се базираат на дрвено загревање мѓутоа се многу ефикасни, а такви се палетите“, додава Петровски.

Податоците на Центарот за европски стратегии – Евротинк покажаа дека околу 25.000 кубни метри дрва се бесправно исечени во четири општини во последните шест години, со што е направена штета од над еден милион евра.

Токму поради тоа денеска претставниците на политичките партии потпишаа декларација за заложба за борба против нелегална сеча и уништување на шумите.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе