Монпелје го растури Кил и со едната нога е на фајналфорот во Келн

Ракометарите на Монпелје славеа со убедливи 39:30 против Кил во првиот четвртфинален дуел во Лигата на шампионите и направија голем исчекор кон пласманот на завршниот турнир кој ќе се игра во Келн.

Играчите на Монпелје беа подобар тим во текот на сите 60 минути, првиот дел го добија со 20:16, а во 45-тата минута имаа плус осум (32:24) и до крајот беше прашање само со колкава разлика ќе слават.

Во последните две миннути од мечот, со головите на Симоне и Десбоне, Монпелје си обезбеди предност од девет гола за реваншот кој ќе се игра во Кил.

Пелас и Лене беа најпрецизни кај Монпелје со по седум постигнати голови, поранешниот вардарец, Сташ Скубе даде шест, додека кај Кил најдобри беа Јохансон со осум и Билик со седум гола.

- Оглас -

Најнови вести