Идеалот за убавина ги чинел прескапо: Три жени заразени со ХИВ за време на лекување во спа ценатар во Ново Мексико

3574

Се верува дека три жени на кои им бил дијагностициран ХИВ за време на лекување во нелиценциран спа центар во Ново Мексико се првите регистрирани случаи на луѓе кои се заразиле со вирусот преку козметичка процедура.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во својот извештај за морбидитет и морталитет минатата недела соопшти дека истрагата на клиниката од 2018 до 2023 година открила дека има „очигледна повторна употреба на опрема за еднократна употреба“.

Иако е познато дека ХИВ може да се пренесе преку заразена крв преку нестерилни инјекции, во извештајот се вели дека ова се први случаи на можни инфекции за време на козметички услуги, наведува АП.

Многу популарни козметички третмани се изведуваат со игли, како што е ботоксот за измазнување на брчките и филери за усни.

Постапката за „вампирски третман“ или микроигличка богата со тромбоцити вклучува вадење на крвта на клиентот, одвојување на нејзините компоненти, а потоа користење на ситни игли за инјектирање на плазма во лицето за да се освежи кожата.

Одделот за здравство во Ново Мексико започна со истражување на спа центарот во летото 2018 година, откако дозна дека жена во нејзините 40-ти години била позитивна на ХИВ и покрај тоа што нема познати фактори на ризик. Таа пријавила дека користела козметички третман на клиниката таа пролет.

Спа ценарот беше затворен есента 2018 година, откако беше покрената истрага, а сопственикот беше кривично гонет затоа што се занимавал со медицина без дозвола.