0
Најтешкиот ден во животот на Инаки Пења, голманот на Барселона кој има само 26 години. Имено пред мечот Барса – Осасуна завчера, имаше минута молк во чест на неговиот татко.
Но ретко кој знаше во тие моменти, дека тој ден ќе биде врежан засекогаш во мислите на голманот на каталонците.
Прво го погреба својот татко а потоа веднаш замина во болница каде се пораѓаше неговата сопруга Клаудија. Ова за него беше прво дете.
Секако дека тоа биле најтешките десет дена во животот на младиот голман а посебно ќе го памети денот кога беше погребот на својот татко и раѓањето на своето дете.