После шест месеци, успешно се вратија на Земјата кинеските астронаути кои ја комплетираа изградбата на кинеската вселенска станица

- Advertisement -

Тројцата кинески астронаути вчера се вратија на Земјата после шестмесечна мисија на вселенската станица Тиангонг. Екипажот кој на кинеската вселенска станица беше од почетокот на јуни годинав, се приземји во базата Донгфенг, на северот на Кина, во околу 20 часот по кинеско време.

Медицинскиот персонал потврди дека тројцата астонаути, меѓу кои имаше и една жена, се чувствуваат добро. Астронаутите Чен Донг, Лиу Јанг и Цаи Ксуже беа дел од мисијата Shenzhou-14 и беа задолжени да го надгледуваат комплетирањето на последната фаза од изградбата на вселенската станица, која е круна на амбициозниот кинески вселенски проблем.

- Advertisement -

Кина во 2011 година беше исклучена од Меѓународната вселенска станица затоа што САД и забранија на НАСА партнерство со Пекинг. Вселенската станица Тиангонг, позната и под англиската кратенка CSS, ќе работи десетина години и во неа ќе се вршат различни научни експерименти во бестежинска состојба.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -