Познати Убава вест

Иван Јованов од „Либеро бенд“ стана татко, бебето доби необично име

Честитки  наголемо пристигнуваат, а „стори“ делот од Инстаграм профилот на новиот татко е густо набиен со честитки и обоен во розово.

Иван Јованов од „Либеро бенд“ стана татко, бебето доби необично име

Дојде големиот ден за пејачот на „Либеро бенд“ Иван Јованов, му се роди ќерка. 26-ти Март е датумот кога тој и неговата избраничка Ивана станаа родители.

Откако во месец септември како гром од ведро небо дознавме дека пејачот има нова љубов, а освен тоа ќе станат и родители, бременоста на тазе мајката, не ја видовме. Иван во медиумите изјави дека нема да открива детали за медиумите, но се додека не дојде време за големата вест – раѓањето на наследничката.

Честитки  наголемо пристигнуваат, а „стори“ делот од Инстаграм профилот на новиот татко е густо набиен со честитки и обоен во розово.

Меѓу многуте објави се најде и онаа на кумот кој наедно откри дека веќе се знае и името на бебето кое има необично и модерно име – Ниа.

 

Најнови вести од Познати

Теми на денот

To top