Посебна екипа од ЈКП „Тетово“ ќе го носи инертниот отпад од домаќинствата до депонија

148

– Нашиот тим ќе се погрижи да дојде и да го земе инертниот отпад од вашиот стан или куќа. Апелираме до сите граѓани да не фрлаат инертен отпад по тротоарите и на несоодветни места, бидејќи на овој начин не само што ја загадуваме животната средина туку и му даваме лош изглед на градот. За да не се создаваат вакви непријатни ситуации, ангажиравме специјален тим, кој ќе го носи инертниот отпад од куќата на граѓаните до депонијата одредена од ЈКП – се вели во дописот од Општина Тетово, кој беше испратен до медиумите на македонски јазик, затоа што директорот на ЈКП „Тетово“, Самет Бислими, ја одржа прес-конференцијата само на албански јазик

 

Општина Тетово информира дека Јавното комунално претпријатие „Тетово“ има ангажирано посебен тим, кој ќе го носи инертниот отпад од домовите на граѓаните до соодветна депонија.

– Нашиот тим ќе се погрижи да дојде и да го земе инертниот отпад од вашиот стан или куќа. Апелираме до сите граѓани да не фрлаат инертен отпад по тротоарите и на несоодветни места, бидејќи на овој начин не само што ја загадуваме животната средина туку и му даваме лош изглед на градот. За да не се создаваат вакви непријатни ситуации, ангажиравме специјален тим, кој ќе го носи инертниот отпад од куќата на граѓаните до депонијата одредена од ЈКП – се вели во дописот од Општина Тетово.

Оттаму ги повикуваат граѓаните што имаат инертен отпад, да се јават на телефонскиот број 044-331-167, секој работен ден од понеделник до петок, од 7 до 15 часот.

Инаку, директорот на ЈКП „Тетово“, Самет Бислими, ја одржа прес-конференцијата само на албански јазик, а за медиумите на македонски јазик беше испратено само соопштение.