Шок во Холандија: Познатиот фудбалски клуб исфрлен од Ередивизија, заврши во „минус“

од Симе Стоиков

На фудбалскиот клуб Витесе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).

– Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бода. Клубот од Арнем ја добива оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнил барањата од прописите за лиценцирање на играчи во подолг временски период – се вели во соопштението на КНВБ.

Витесе сега има минус еден бод на табелтата и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.

Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија. Витезе последен пат играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од Рома во осминафиналето на Конференциската лига.

Слични содржини