Сообраќајот во Панамскиот канал почна постепено да се нормализира


Администрацијата на Панамскиот канал соопшти дека од средината на мај значително ќе го зголеми бројот на резервации за транзит на бродови поради прогнозите за попуштање на сушата, која значително го намали транзитот во изминатите две години.

Од 7 до 15 мај низ каналот дневно ќе минуваат по 24 бродови, а од 16 мај 31 брод, соопшти управата. Во јуни ќе отворат можност за дополнителни резервации и за Неопанамакс и ќе додадат уште еден брод за транзит низ главниот канал.

Управата одлуката ја образложува со смирувањето на сушата, што беше видливо и во проценките за нивото на водата во вештачкото езеро, акумулацијата за полнење на каналот.

Во 2023 година тие во неколку наврати го намалија транзитот, а во јануари годинава беше за 42 отсто помалку отколку во најфреквентниот месец минатата година, покажуваат податоците на УНКТАД.

Транзитот на бродови се намалува веќе две години поради сушата, истакнаа од УНКТАД, потсетувајќи дека долгорочните нарушувања во транзитот, особено во контејнерскиот транспорт, може директно да ги загрозат синџирите на снабдување. Ова, пак, може да доведе до доцнење на пратката и повисоки трошоци и инфлација, нагласуваат тие.

Знаците за опоравување на сообраќајот низ Панамскиот канал се појавија во март кога властите првпат почнаа да примаат повеќе резервации.