Денес роденден слави нашиот поет, есеист и културен деец Славе Ѓорѓо Димоски

Славе Ѓорѓо Димоски е роден на 18 март 1959 година во во Велестово. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Живее во Охрид. Работи како професор по македонски јазик и литература. Пишува поезија за деца и возрасни. Застапуван е во многу антологии и преведуван на неколку десетици јазици (англиски, руски, српски, латвиски и други).

Димоски е основач на поетскиот фестивал „Поетска ноќ во Велестово“ која традиционално се организира секое лето во неговото родно село. Исто така, тој е директор е на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“.


На 25 јули 2014 година, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, во Домот на културата „Григор Прличев“ во Охрид, по повод 35 годишнината од неговото поетско творештво била промовирана книгата „Поезија-ткаења“, која ги содржи десетте збирки поезија на Димоски. Истовремено, на промоцијата бил прикажан и документарниот филм „Поет на мал народ“ од Антонио Велјаноски, посветен на творештвото на Димоски.

Во март 2023 година, во издание на Општина Охрид, била објавена книгата со критичко-есеистички текстови за поезијата на Димоски, со наслов „Славе Ѓорго Димоски во книжевната критика (македонска и светска)“ чиј приредувач е Димитар Пандев. Книгата е составена од два дела при што првиот дел, насловен „Македонска критика“, е поделен на три циклуси: „За поезијата“ со текстови посветени на поезијата на Димоски, „За книгите“ со есеи за неговите книги, а третиот дел содржи есеи за некои поединчени песни. Во вториот дел, насловен „Странска критика“ се приложени есеи на повеќе странски автори кои го анализираат творештвото на Димоски.


Добитник е на бројни награди:

-„Исток-Запад, гран при за европска поезија“ – доделена во 2009 година во Романија
-„Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“ – награда за животно дело (2012)[8] -Орден „Златна есен – Сергеј Есенин“ (2012) – доделен во Русија[9] -Награда “Браќа Миладиновци”
-Ацо Шопов (награда), за Јазичен триптихон (2015)
-Награда „Антево перо“ за Кумова слама (2018)


Среќен роденден Славе, ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …