Вести Македонија Најважни

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Беше медијатор за договорот за Пржинска влада, во наредниот период ќе биде и олеснувач за уставните измени за расчистување на патот на земјава за членство во Европската Унија. Питер Ванхојте се враќа во Македонија, објави Независен. Белгискиот политичар, како што објави порталот, веќе е во Скопје на средби со претставници на политички партии, но и со невладини организации по што ќе отпатува на разговори и во Софија за надминување на разликите во македонско-бугарскиот спор. Негова главна цел, како што наведе, ќе биде осигурување дека пристапниот процес на Македонија кон ЕУ повеќе нема да се блокира. Најави оти е отворен за сите опции, ќе ги слушне сите барања во обид да изнајде взаемно прифатливо решение.

Најновиот проект на кој е ангажиран, како што истакна Ванхојте, е по иницијатива на белгиското претседателство со Европската Унија. Истиот ќе биде финансиран од белгиската влада и содржи две компоненти – првата е медијаторство за односите меѓу Скопје и Софија за отстранување на отворените прашања и отворање на патот за преговори на Македонија со ЕУ. Втората компонента е градење на институционален капацитет на земјава во чиј фокус ќе биде обука на млади политичари за менување на начинот на кој функционира политиката во земјава и нејзино поголемо приближување до западните демократии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе