Search

Внимание: Каде за Први Мај, на излет со скара, или во борба за работнички права?

Eкипата на „Внимание“ на меѓународниот ден на трудот ги прашува граѓаните – „Каков празник е за нив Први мај и како ќе го одбележат?“ Најголем дел од граѓаните го доживуваат како ден посветен на работничките права, но по некој го гледа и како ден за дружба со пријателите и роднините.

Кога ги прашавме граѓаните дали Први мај треба да се одбележува еден, или два дена, како порано, речиси сите беа едногласни дека треба да се прославува два дена – еден ден во борба за работнички права, а еден на скара, или како што вели една наша соговор ичка: „имало време и радничката класа да се опушти“.

Околу прашањето кое сите ги копка -„Каде за први мај, на излет со скара или на протест за работнички права?“ граѓаните се недвосмислени: и протест и скара, иако како што вели една наѓа сограѓанка: „редовно ни врнело на тој ден!“

Ако има некое прашање околу кое има целосна согласност тоа е прашањето: „Дали недела неработен ден ги подобри правата на работниците“? Сите граѓани се согласни дека прогласувањето на недела за неработен ден ги подобри состојбите за работниците кои сега имаат еден ден во неделата за себе и за своите најблиски.

„Што мислите за идејата за скратена работна недела, која веќе се практикува во некои европски земји“? – некои од граѓаните се малку скептични по ова прашање и не се сеигурни дали нашата економија и работодавачи се подготвени за такво нешто, но како пто поентира една граѓанка: „Ако се работи саглам, во ред е да се скрати работната недела!“

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Најново

Последни колумни