Силјановска 160.884, Пендаровски 79.050 – првични резултати на ДИК

од Nikola Popovski

Со првични резултати излегоа и од Државната изборна комисија. На над обработени 50% од вкупниот број гласачи, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, Гордана Силјановска-Давкова има 160.884 гласови (36,99%) пред кандидатот на СДСМ и шеф на државата, Стево Пендаровски со 79.050 (18,18%)

Трет е шефот на македонската дипломатија и кандидат на ДУИ, Бујар Османи со 71.482 гласови.

Кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски има 4.333 (1,00%), кандидатката на Левица Билјана Ванковска – Цветковска 19.052 (4,38%), кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари има 52.684 (12,11%) и кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски има 34.230 (7,87%). 

Со обработени 94 проценти од избирачките места, излезеноста на гласачите до 18:30 часот во првиот круг од претседателските избори е 48,38 проценти, покажуваат последните ажурирани податоци на ДИК.

Обработени се 3.270 избирачки места на кои се запишани вкупно 1.711.259 избирачи. До 18:30 часот, според податоците на Државната изборна комисија, на овие избирачки места гласале 827.990 избирачи.

Слични содржини