УЕФА ја објави листата: Аргентинец ќе суди на ЕВРО 2024

УЕФА денеска и официјално ја објави листата на судии кои ќе бидат задолжени за делење на правдата на натпреварите на претстојниот европски шампионат во Германија.

Очекувано, водечките земји како Англија, Шпанија, Италија и Германија имаат по двајца арбитри на оваа листа, а меѓу судиите за ЕВРО 2024 се најде и еден Аргентинец, Факундо Телјо, кој ќе има можност да води најмалку еден меч на европскиот шампионат.

„Како што тоа беше случај и на ЕВРО 2020, како дел од соработката меѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, аргентинскиот судија Факундо Телјо заедно со двајца асистенти од оваа земја ќе се приклучи на европската група на судии за завршниот турнир во Германија“, објави УЕФА.

„ЕВРО 2024 е врвот на европскиот репрезентативен фудбал, ќе се натпреваруваат најдобрите репрезентации и затоа ги избравме најдобрите судии за овие натпревари. Сите избрани судии се имаат докажано одговарајќи на највисоките стандарди на елитните натпреварувања на УЕФА, но и во своите домашни лиги. Извонредно се подготвени и имаме апсолутна доверба во нивните квалитети пред овој завршен турнир“, изјави Роберто Росети, Италијанецот кој е менаџинг-директор за судење во УЕФА.

ЛИСТА НА ГЛАВНИ СУДИИ ЗА ЕВРО 2024

Артур Соареш Дијаз (Португалија), Хесус Хил Манцано (Шпанија), Марко Гвида (Италија), Иштван Ковач (Романија), Иван Крузлијак (Словачка), Франсоа Летесие (Франција), Дани Макиеле (Холандија), Шимон Марчинијак (Полска), Халил Умут Мелер (Турција), Глен Ниберг (Шведска), Мајкл Оливер (Англија), Даниеле Орсато (Италија), Сандро Шерер (Швајцарија), Даниел Зиберт (Германија), Ентони Тејлор (Англија), Факундо Телјо (Аргентина), Клемен Турпан (Франција), Славко Винчиќ (Словенија) и Феликс Цвајер (Германија).

Се вчитува...