Свет

Израел е подготвен да го ублажи своето барање

Израел е подготвен да гo ублажи барањето, Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите од Катар, Египет и САД.

Воениот кабинет на Израел сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов жените, мажите над 50 години и тешко болните да бидат ослободени, а кабинетот во четвртокот го овласти преговарачкиот тим на Израел да разговара за повеќе флексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелскиот сајт Инет, пишува „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на израелски портали.

Неименуван висок израелски функционер подоцна изјавил на страницата дека Израел всушност се согласува на ослободување на 33 заложници, а сајтот вели дека Хамас инсистирал бројот на ослободени заложници да биде поблиску до 20. Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во тие категории, но Хамас рече дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на конфликтните страни, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, кој треба да се спроведе во три фази.

Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држеше Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 доживотни.
Други точки од предлогот вклучуваат враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и влегување во енклавата од 500 камиони дневно кои носат хуманитарна помош.

На почеток