Воинот ја дочека својата шанса, Кајрен Вилсон е нов светски првак во снукер!

Англичанецот Кајрен Вилсон е нов светски шампион во снукер. Вилсон кој има 32 години, ја оправда фаворитската улога против Велшанецот Џек Џонс кој беше најпријатно изненадување на СП, и победи со 18-14 во фрејмови.

Вилсон тргна фуриозно, поведе со 7-0, имаше и 17-11, но Џонс вечерва внесе мала драма, пред популарниот Вориор (воин) конечно да го зададе завршниот удар во 32-риот фрејм од финалето во „Крусибл театарот“ во Шефилд.

За Вилсон ова беше второ финале на СП во кариерата, во првото пред четири години беше разбиен од Рони О‘Саливен со 8-18, но годинава Рони и другите главни фаворити не стигнаа до финалето и Вилсон дојде до првата титула.

За победата, Вилсон ќе добие парична награда од 500.000 фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести