ДСЗИ констатира

Објавил: Калина Мартинска | 23 април, 2024 16:55

Незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги

Фото/Текст извор: ©sitel.mk

Скоро четири месеци облекувале мантили и работеле со пациенти на Токсикологија, а немале никаков договор за работа.

Ова е утврдено во вонредниот инспекциски надзор на ДСЗИ по добиена претставка од вработени на Клиниката. Инспекторите констатирале дека 11 лица незаконски, а дел и без соодветно образование вршеле здравствена дејност.

„Издадено е решение да се преземат следните мерки. Здравствени услуги на Клиниката да се укажуваат од страна на здравствени работници, соработници кои имаат важечки договори, здравствени услуги да се укажуваат од здравствени работници кои имаат соодветно образование согласно закон. Медицинскиот и организацискиот директор да ги извршуваат непречено обврските од самостојна, а особено заедничка надлежност“, изјави д-р Рената Младеновска, директор на ДСЗИ.

Овие недостатоци Клиниката има рок да ги поправи за 5 дена. Но, токму ангажманот на договорците беа една од причините да ескалираат несогласувањата меѓу медицинскиот и организацискиот директор. А револт искажаа и од стручниот колегиум кои потенцираа дека на Токсикологија работат лица без никаков договор и несоодветно образование.

Вчерашната најава за разрешување на медицинскиот директор д-р Данил Петровски очигледно беше само закана, бидејќи денеска на прашањето дали е потпишано решението од министерството не добивме конкретен одговор.

Во целиот хаос на токсикологија и обидот да биде заменет резултат за урина со наркотици со чист примерок министертвото воопшто не ги зема во предвид реакциите на поголемиот дел вработените за однесувањето на организациската директорка Бесија Иљази. Тие посочија дека ниту комуницирала бидејќи не знаела македонски, и не почитувала одлуки на стручниот колегиум. И на вчерашната прес конференција зборуваше само на албански јазик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...