Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските кошаркари утре го играат последниот меч за опстанок во елитата

Охрид, 16. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на ГКК Охрид утре ќе го одиграат последниот натпревар што ќе го одреди нивниот опстанок во Првата кошаркарска лига.

На домашен терен ја пречекуваат екипата на КК Вардар од Скопје.

– Охриѓани, ве повикуваме да дојдете во што е можно поголем број и да го бодрите Охрид за опстанок во елитата, велат од клубот.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 17:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука