Breaking News

Во воздушен напад на Рафа ранет припадник на персонал на СЗО а неговата внука е убиена


– Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, соопшти дека еден припадник на персоналот на Светската здравствена организација (СЗО), неговата сопруга и едно дете биле ранети во воздушен напад во кој во средата била уништена нивната куќа во Рафа.


Во нападот е убиена седумгодишната внука на вработениот на СЗО, напиша шефот на СЗО на X. – Ова е уште еден поразителен пример за тоа колку е небезбедно во Рафа и низ Газа.


Повикуваме на заштита на сите хуманитарни работници и цивили. Повикуваме на прекин на огнот, напиша Гебрејесус. јт. .

Извор: МИА