Камерон и Бербок во Ерусалим го повикаа Израел на воздржаност

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон и германската алисички и министерка за надворешни работи Аналена Баербок во средата се сретнаа со израелските челници во Ерусалим за да изразат солидарност по иранскиот одмазнички напад и да повикаат на „одмерен одговор“ за да се избегне ескалација на тензиите.

Дванаесет дена по израелскиот напад врз иранскиот конзулат во сириската престолнина Дамаск, во кој загинаа седум ирански офицери воени советници, меѓу кои двајца генерали, Иран возврати во саботата вечерта со напад на израелска територија со беспилотни летала и балисички ракети, но и хиепрсонични проектили.

Ова е прв напад врз Израел од иранска територија. Иран претходно предупреди дека ќе има напад како одмазда за нападот во Дамаск. Техеран објави дека 72 часа пред нападот за тоа ги известиле регионалните земји и САД, како што сега се чини дури и за целите на неговиот напад.

Дејвид Камерон и Аналена Баербок се првите странски дипломати кои патуваат во Израел по невидениот напад врз Иран. Прво, тие разговараа со претседателот на земјата, Исак Херцог, кој го повика „целиот свет“ преку платформата X да „одлучно се ангажира против заканата што ја претставува иранскиот режим, кој сака да ја поткопа стабилноста во целиот регион“.

Шефовите на британската и на германската дипломатија разговараа и со нивниот израелски колега Израел Кац.

Камерон изјави за британската телевизија дека сака земјите-членки на Г7 да воведат „координирани санкции“ против Иран и ја обвини земјата дека стои зад „толку многу злонамерни активности“ во регионот. Посочи дека шефовите на дипломатиите на седумте економски најразвиени земји членки на Г7, кои се состануваат оваа недела во Италија, „мора да испратат јасна и недвосмислена порака“ до Иран.

„Се надеваме“ дека Израел ќе реагира „на начин што минимално ќе придонесе за ескалација на тензиите, на начин што е и интелигентен и одлучувачки“, додаде британскиот министер.

Оваа седмица Бербок се залагаше ЕУ да воведе нови санкции за иранските беспилотни летала.

Посочувајќи дека Израел може да смета на „целосната солидарност на Германија“, Баербок, исто така, рече дека сака да разговара со израелските лидери за тоа како да се „избегне понатамошна ескалација“ на тензиите во регионот.

Во вторникот, британскиот премиер Риши Сунак рече дека ескалацијата не е „во ничиј интерес“ и во телефонски разговор го повика својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху да дејствува разумно и со ладна глава.

Израел е решен да го натера Иран „да ја плати цената за својата агресија“, иако речиси сите ирански 350 беспилотни летала и проектили се пресретнати со помош на Соединетите држави и другите сојузнички земји, како што тврди без штети или жртви. Меѓутоа, според некои извештаи поткрепени со видео-материјали на социјалните мрежи, се наведува дека иранските хиперсонични проектили ги погодиле двете бази на спротивни краеви на Израел, едната на разузнавачката агенција Мосад а другата боздухопловната база во пустината Нагев од каде полетале авионите кои го извеле ракетирањето на конзулатот во Дамаск.

Во разговорот со Камерон и Баербок, израелскиот шеф на дипломатијата Кац инсистираше на тоа дека регионалната и глобалната стабилност не се загрозени од Израел, туку од Иран и неговите сојузници.