Кошарка НБА

Ирвинг и Дончиќ го елиминираа Клиперс за пласман во наредната рунда

Ирвинг и Дончиќ го елиминираа Клиперс за пласман во наредната рунда

Кошаркарите на Далас се пласираа во втората рунда од плејофот, откако ноќеска со доминантна игра во сите 48 минути го растурија тимот на ЛА Клиперс 114-101 за вкупни 4-2 во серијата.

Далас од првиот до последниот момент ја контролираа играта и резултатот, а за нивната доминација најдобро говори фактот што противникот само еднаш беше во водство.

Лука Дончиќ средбата ја заврши со 28 поени, седум скока и 13 асистенции, а идентично добра партија прикажа и Кајри Ирвинг со 30 поени. Далас во полуфиналето од Западната конференција ќе ги одмери силите со Оклахома сити тандерс, тимот со најдобар скор во оваа конкуренција во регуларниот дел од сезоната

To top