Доларот благо зајакна, цените на нафтата пораснаа

На валутните пазари вредноста на американскиот доларот во однос на кошничката на валути во раното претпладневно тргување благо порасна.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,09 поени, додека вчера во ова истиот периот од тргувањето изнесуваше 106,03 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 154,70 на 154,75 јени. Со оглед на тоа што доларот лебди на највисоките нивоа во последните 34 години, јапонските власти се закануваат дека ќе интервенираат за да спречат натамошно слабеење на јенот.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0655 долари, додека вчера во ова време беше 1,0665 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,51 отсто, на 87,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,54 отсто, на 82,35 долари.