Еден европски град се наоѓа во две држави


 

Градот „близнак“ ВалгаВалка се наоѓа на јужната граница на Естонија и северната граница на Латвија. Некогаш било едно место, но во 1920 година е поделено на два дела, а денес се наоѓа во две држави.

Како што сугерира сличноста на името, градовите некогаш биле една населба, позната под германското име Валк. Записи за негово постоење има од 13 век.

Откако го прегазиле бројни освојувачи дури во 1920 година, по движењето за независност на Естонија и Латвија, градот е поделен на два дела, затоа што двете страни полагале право на неговата територија. Потполно произволна поделба на градот е уредена на почетокот на векот и стана видлива по распадот на СССР, а магијата на шенгенскиот простор повторно ги обедини градовите.

ВалгаВалка е еден град, но во исто време не е, иако историјата на двете страни е тесно поврзана. Жителите на Валга и Валка биле одвоени едни од други поради времето кога градот бил раздвоен со граница.

Од 2005 година Валга и Валка се договориле за соработка во областа на образованието, културата, спортот, здравството, животната средина и туризмот.

Заедничкиот слоган на градот е „1 град, 2 држави“, за да се признаат двата града како еден за своите жители без оглед на нивната националност и дали живеат северно или јужно од границата. Слоганот е креиран на 420 роденден на градот.

Последните години зајакна врската межу Валга и Валка, две половини од ист град и постојат неколку проекти кои потсетуваат дека ВалгаВалка повторно еволуира во комлетен град. Можеби најдобар пример е сликовитата пешачка патека покрај реката Педели, меѓу двата града, која жителите сакаат да ја поминуваат , со семејна плажа, игралишта и велосипедски патеки.

Сега двата града развиваат заедничко централно подрачје под назив ВалгаВалка Твин таун Центар. Главна цел на прокетот е создавање атрактивен, угоден и единствен заеднички јавен простор.

Со организирање различни случувања, заеднички саеми, пазари и заедничко прославување јубилеи, настојуваат да ги „пробијат“ границите во свеста на луѓето и да промовираат заеднички вложувања и соработка. Исто така, доследни и традиционални манифестации создаваат кај локалното населениечувство на долговечност и вистински идентитет на ВалгаВалка.