Press "Enter" to skip to content

Пелистер со убедлива победа над Тетекс во Битола, за сугурен од кон Првата лига (фотогалерија)

Пелистер  – Тетекс 3:0 (2:0)

Попладнево во Битола, на срадионот “Петар Милошевски“ под Тумбекафе, екипата а Пелистер запиша уште една победа, овој пат над екипата на Тетекс.Пелистерци победија убедливо со 3:0, полувреме 2:0. Головите за Пелистер ги постигнаа Бојан Спиркоски во 4. минута, Симеон Христов во 21. минута и Благоја Љамчевски во 52. минута.Битолчани дојдоа до нови три бода со кои по 27 кола остануваат сигурни на второто место на табелата. Пелистер има 64 бода и е блиску до пласман во Првата лига. Екипата на Беса која има 70 бода и математички веќе е прволигаш во идната сезона.На трето место е екипата на Детонит која има 56, односно осум бода помалку од Пелистер. На четврто место е тимот на Арсими со 47 бодови.

More from СпортMore posts in Спорт »