Фудбалер на Херта нападнат во бар во Берлин

Фудбалерот на Мајнц, кој е на позајмица во Херта, минатиот викенд бил физички нападнат во бар во Берлин, потврдија двата фудбалски клуба.

Херта во своето соопштение напиша дека Баркок бил итно пренесен во болница во Берлин за време на физичкиот напад во саботата навечер. Баркок имал тешки повреди на лицето, поради што во неделата наутро беше опериран и сега е во период на опоравување.

Не се знае која била точно причината за физичката пресметка, ниту како дошло до тоа. Берлинскиот клуб во соопштението наведе дека полицијата покренала истрага против напаѓачот.

Баркок пристигна во Херта во јануари, како позајмен играч од Мајнц и оттогаш одигра 13 натпревари за тимот од германската престолнина.

Се вчитува...