Почина легендарниот Цезар Луис Меноти


Легендарниот аргентински тренер Цезар Луис Меноти почина на 86-годишна возраст.

Човекот кој како тренер во 1978 година и ја донесе на Аргентина првата светска шампионска титула, последниот месец го мина во болница поради тешка форма на анемија. Смртта на големиот тренер ја потврди и Фудбалскиот сојуз на Аргентина.

„Со жалење мораме да соопштиме дека почина Цезар Луис Меноти, актуелен директор на националните селекции и поранешен тренер на селекцијата која го освои светскиот шампионат“, се вели во соопштението.

Меноти беше солиден играч и како напаѓач на Бока стигна до националниот тим за кој настапи 11 пати. Сепак, тој стекна многу поголема слава како тренер. Тој беше селектор на Аргентина од 1974 до 1983 година, по што беше тренер на Барселона, Бока, Атлетико Мадрид, Ривера и многу други клубови.

Mеноти беше познат по прекарот „Ел Фако“, тој е роден на 5. ноември 1938 година. Најголемиот дел од тренерската кариера го помина во Шпанија каде ги водеше Барселона и Атлетико Мадрид и успеа да оасвои Ла Лига, Купот на Шпанија и Суперкупот.

Како играч настапуваше за Росарио, Расинг, Бока Јуниорс, Њујоркс и Сантос каде со Пеле освоија четири шампионски титули.