Извор: Карактер дизајн челинџ

Томи Џуровски и Александар Џони-Шопов се двајца од четирите рамноправни победници на натпреварот за илустрација што го организира Карактер дизајн челинџ (Character Design Challenge). Останатите двајца победници се Нарубет Батси од Тајланд и Роксан Барил Монфет.

Право на учество на натпреварите што ги организира оваа организација имаат околу 300.000 нивни членови од целиот свет.

Инаку, Томи е син на Ласко Џуровски, графички дизајнер и типограф, а Александар, кој живее во Франција, е внук на македонскиот поетски великан Ацо Шопов.

Илустрацијата на Томи со македонскиот овчар Стојан.

Извор: Карактер дизајн челинџ

Илустрацијата на Александар-Џони.

Извор: Карактер дизајн челинџ