Франција и Германија заедно го градат тенкот на иднината

- Advertisement -

Германскиот министер за одбрана, борис Писториус, во петокот ги заврши финалните разговори во Париз за германско-францускиот проект за наоружување, кој вреди повеќе милијарди евра.

Писторус и францускиот министер Себастиен Лекорн потпишаа меморандум за разбирање кој ја отвора вратата кон развојот на заеднички Главен копнен борбен систем (MGCS).

- Advertisement -

MGCS, всушност, е проект за ултрамордерно оклопно возило, кое ќе ги замени постоечките тенкови на двете земји, германскиот Leopard 2 и францускиот Leclerc. Притоа, идното возило нема да биде само тенк, туку платформа која поврзува нмеколку борбени системи за копно и воздух.

Ова вмрежување е голем напредок во воената технологија, велат и Германија и Франција. Германија ќе го води развојот на MGCS, копнениот пандан на идниот воздушен систем FCAS, за чиј развој ќе биде задолжена Франција. FCAS вклучува развој на авиони-ловци од нови генерации, дронови и други компоненти.

- Advertisement -

Како и другите заеднички проекти, MGCS беше одложен поради несогласувањата на двајцата партнери околу распределбата на должностите. После долги преговори, Германија, Франција и Шпанија во мај 2021 година постигнаа наќелен договор за FCAS, проект кој исто така вреди милијарди евра.

(SEEBiz.eu)

- Advertisement -

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -