Јутјубер ги купи правата за ЕП 2024 и за ОИ во Париз

Јутјуберот од Бразил, Казимиро Мигел, потпиша договор со Самсунг ТВ-плус, кој бесплатно емитува телевизиски програми со реклами и летово ќе ги пренесува натпреварите од Европското фудбалско првенство во Германија и возбудувањата од Олимписките игри кои ќе се одржат во Париз, објави бразилскиот „МКТ Еспортиво“.

Мигел на својот јутјуб канал CazeTV ќе ја има апликацијата на Самсунг ТВ плус, кој ќе ги пренесува натпреварите од ЕП во Германија.

Јутјуберот го следат повеќе од милион луѓе, а претходно ги купи правата за Бундеслигата, за Лигата на конференции и за Лигата на Европа, а сега ги доби правата да ги пренесува ЕП и Олимписките игри.

 

- Оглас -

Најнови вести