Далас на крилјата на Дончиќ направи пустош низ Ел-Еј

Лука Дончиќ и Далас маверикс експресно се вратија во предност во плејоф серијата со ЛА Клиперс, триумфирајќи на гостински терен во Лос Анџелес со убедливи 93-123. Мотивирани откако пред неколку дена се вратија од „минус 31“, но на крајот за малку загубија на домашен терен, Дончиќ и соиграчите рано утрово одиграа феноменален меч во кој го декласираа незгодниот противник.

Далас замина на одмор со „плус десет“, а потоа продолжи да доминира и во второто полувреме, добивајќи ги и следните две четвртини со по десет поени, за триумф од убедливи 30 поени разлика во пресрет на шестиот меч што избраниците на Џејсон Кид ќе го играат на домашен терен. Дончиќ беше незапирлив реализирајќи 35 поени и 10 асистенции, Клебер постигна 15 поени за Далас, додека кај ЛА Клиперс најефикасни беа Зубац и Џорџ со по 15 поени.

Бостон се пласираше во полуфиналето на Источната конференција славејќи над Мајами со 118-84, за победа од 4-1 во оваа плејоф-серија. „Зелените“ беа без повредениот Порзингис, но тоа не им пречеше уште во првото полувреме да поведат со 22 поени разлика и да го решат прашањето на победникот. Браун и Вајт ги предводеа стрелците на Бостон со по 25 поени, додека прв стрелец на Мајами беше Адебајо со 23.

Се вчитува...