Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

Од:

Без учество на вистинска конкуренција неодамна Владата го заврши повикот за избор на универзален снабдувач.

Од Владата соопштија дека била избрана најповолна понуда и како што додаваат, во „соодветната постапка е избрана понудата доставена од групата понудувачи ЕВН Македонија“. Сепак, деталите за тоа зошто останатите две компании кои доставија понуди на повикот од декември не биле вклучени во трката, засега остануваат непознати.

Најголема конкуренција на ЕВН Хоум претставуваше ЕДС, зад која стои државната грчка компанија ППС, која остварува годишен обрт од над десет милијарди евра. Поради доброто салдо на грчката компанија, се очекувало ЕДС на негативното наддавање да понуди далеку пониска маржа од ЕВН.

Според неофицијални извори, воопшто не постоеле основани правни околности со кои може да се оправда исклучувањето од учество на јавната аукција на ЕДС.

Ваквата владина одлука единствено ќе се одрази на грбот на потрошувачите. Досега ЕВН Хоум ги снабдуваше домаќинствата и малите потрошувачи со струја со профитна маржа од 11,5 отсто. Неофицијално, за наредните пет години оваа профитна маржа ќе изнесува 9,9%, а од друга страна, конкурентите што се пријавиле на огласот биле подготвени да понудат двојно помала маржа.

Според грубите пресметки на експертите, поради недостигот на вистинска конкуренција во натпреварот за универзалниот снабдувач граѓаните во наредниот период ќе плаќаат стотици милиони евра повеќе за сметки за струја.

Да постои вистинска и здрава конкуренција, не би биле држава во која домаќинствата плаќаат најскапа струја во регионот. А дека плаќаме најскапо, во своите анализи потврди и европската статистика. Затоа експертите се согласни дека треба и тоа како да има конкуренција при изборот на Универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Во сета оваа борба и конкуренција, на крај најголем интерес имаат крајните потрошувачите. Граѓаните како најранлива категорија треба да добијат пониски цени на струјата, а не да бидат оставени во рацете на монопол кој е премногу комотен.

Кај некои земји од регионот на пример, граѓаните дури имаат и избор од која компанија ќе добијат електрична енергија. Во Бугарија граѓаните се снабдуваат од три компании кои се поделени по региони. „ЦЕЗ Бугарија“ ги снабдува граѓаните во западна Бугарија, „Енерго-Про“ во североисточниот дел на земјата, а „ЕВН“ ги снабдува со енергија граѓаните во јужноисточна Бугарија.

Хрватска има вкупно седум компании што се снабдувачи со струја и меѓу нив секогаш има разлика во цената. Словенечкиот пазар е целосно либерализиран и има пет компании што имаат лиценци за снабдувачи, што исто така влијае позитивно врз понудата, односно граѓаните добиваат пониски сметки.

Во Македонија граѓаните се на регулираниот пазар, односно електрична енергија добиваат од Универзалниот снабдувач, затоа од исклучително значење е да има вистинска, а не привидна конкуренција при изборот на компанија која ќе понуди најниска профитна маржа.

Инаку, во тек е подготовка на нов Закон за енергетика, кој предвидува отворање на пазарот за електрична енергија и воведување конкуренција меѓу различни понудувачи.

Ако новиот закон за енергетика овозможи зголемување на бројот на учесници на пазарот на електрична енергија и зголемување на количествата на истргуваната струја, тогаш конкуренцијата помеѓу учесниците на пазарот на електрична енергија ќе предизвика намалување на цената на струјата – појаснуваат експертите.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов