Колку и да лажат, и колку да се обидуваат да ме исцрнат, мојата работа е јасна, мерлива и се гледа, вели Петровска

од Vladimir Zorba

„Ние немаме право да ве лажеме, дека има успех без цена. За нашата Македонија, да дојде таму каде што природно припаѓа. Во цивилизирано, европско семејство, со висок стандард, со плати со кои што ќе може да се живее нормално. А не да се преживува. Современо здравство во кое и пациентот и лекарот ќе имаат се што им е потребно на дофат. Каде што има правда за сите. Каде што луѓето пред институциите нема да бидат нервозни и тажни. За армија и полиција со уште повисоки плати. Со еден збор за човек кој легнува и се буди среќен и задоволен што живее во оваа земја. Не ковајќи планови да замине од неа,“ рече носителката на листа на СДСМ во ИЕ 6, Славјанка Петровска на граѓанскиот митинг во Гостивар.

Петровска посочи дека за сето тоа, потребно е граѓаните да не губат надеж во единствената опција која ова јасно го кажува. За Гостивар, Македонија за неколку години да станат дел од ЕУ, и заедно да растат и стандардот и платите, и нашите деца и нашите внуци покрај нас.Притоа додаде дека таа ова го знае, дека тоа го посакува и работи на тоа. Затоа што, доаѓам од просечно, македонско семејство, порача Петровска , семејство кое ме научило да бидам чесна жена и да не лажам.

„И токму затоа јас знам дека во секоја педа, што ја газиме во Гостивар, има крв на македонскиот партизански одред, дека Гостивар какои многу градови го коси бела чума додека младите масовно се иселуваат.И затоа јас имам намера да работам и да сработам. И сето она што како министерка сум го постигнала, да го продолжам, но истото да го подржам во останатите сектори во земјата. За младите да останат тука. За Европа да биде дома. А мојата работа колку и да лажат, и колку да се обидуваат да ме исцрнат, мојата работа е јасна, мерлива и се гледа,“ истакна Петровска.

Таа се осврна на платите кои претходно не ги пишувале ни на хартија, опрема и вооружување за кое претходно само сме читале, дневници, храна и исплата за секој вработен. Институција со највисока доверба во земјата.

Слични содржини