🎥Играч на Минесота го повреди својот тренер

од Vladimir Zorba

Минесота Тимбервулфс е првиот четвртфиналист во НБА плеј-офот, откако во четвртиот натпревар од првото коло го совлада Феникс Санс со 122:116, оставајќи ги без ниту една победа во плеј-офот.

Но Тимбервулфс останаа без тренер. Крис Финч доста тешко го повреди коленото откако неговиот играч Мајк Конли удри во него.

Според првите проценки, Финч ќе треба да се опоравува од повредата најмалку шест месеци, но би требало да може го води тимот.

Во второто коло од плеј-офот, Минесота треба да оди кај Денвер Нагетс, кој води во серијата против Лос Анџелес Лејкерс со 3:1.

Слични содржини