Ањели со голема провокација „му ја честиташе“ титулата на Интер

Интер го победи градскиот ривал Милан со 2:1, а по мечот Нераѕурите ја прославија јубилејната 20-та титула во Серија А. Интер има дури 17 бода повеќе од второпласираниот Милан, а до крајот на првенството има само уште пет кола, што значи дека и теоретски титулата нема кој да го стигне лидерот.

Додека Интер слави, поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели, преку социјалните мрежи се обиде „да го поздрави“ новиот првак со една објава. Ањели со римски бројки напиша „16 мај 1982 година“.

Тоа е датумот кога Јувентус ја освои неговата 20-та титула. Едноставно, Ањели сака да потенцира дека Интер „доцни“ дури 42 години зад Старата дама барем кога се работи за освојување на 20-тата титула во Серија А.

Јувентус вечерва го игра полуфиналниот дуел од Купот на Италија, и тоа на гости во Рим на „Олимпико“ против Лацио.

- Оглас -

Најнови вести