Кога власта е поважна од здравјето на граѓаните – политиката го уништи здравството

Кога власта е поважна од здравјето на граѓаните – политиката го уништи здравството

Политката го уништи здравството. Бројни скандали, нула одговорност. Гореа  живи луѓе во тетовска болница, на Онкологија се краделе и препродавале лекови наменети за болните од рак, три дена салите на хирургија беа надвор од употреба оставајќи ги да висат на конец животите на луѓето чекајќи операции, лекарите си заминуваат од земјава , а пациентите се плашат да одат на лекар. Ковидот зема огромни жртви, за вакцини се молевме по комшии,, секс снимки ги преплавуваа социјалните мрежи од одговорни лица во здравствениот сектор,нов клинички центар Македонија не виде, дел од директорите не знаат ни македонски да зборуваат. За ваквата катастофална состојба дел од аналитчарите проблемот во здравството го лоцираат во честото менување на министрите и нивното не конзизтентно работење.

Целиот овој период имаме состојба на здравствена хаварија која не може да функционира. Една од клучните причини е честата промена на министрите, кои во своето работење немаат никаква конзистентност во политиките кои се водат, и тоа доведува до една состојба на распаѓање на целиот тој систем која ние граѓаните како пациенти ја плаќаме, вели за Алфа, Воислав Зафировски.

Но не е само тоа проблемот, според Зафировски уште пострашно е што никој не сноси никаква одговорност, а изгубените животни на граѓаните се само колатерална штета .

Поставувањето на одговорни места на кадри кои се недоволно стручни, компетентни, си го прави своето. Услов за да се биде министер не е вашето знаење или вашата стручност и компетентност. Условот е поседување на партиска книша од вистинската партија која има моќ да постави некого на позиција. Она што е карактеристика на сите овие изминати години додека ДУИ заедно со СДСМ се на власт, е отсуството на елементарна одговорност кои ги водат процесите. Не сме слушнале ниту еден раководител, ниту еден именуван функционер, да поднесе било каква одговорност, а жртви имавме во Тетово, жртви имавме од Ковидот, никој не поднесе одговорност се остана како колатерална штета, вели за Алфа, Воислав Зафировски.

Инаку во 7 години власт, се сменија 5  министри за здравство. Најпрво беше Арбен Таравари, па Венко Филипче, Беким Сали, Фатмир Меџити и сега е Илир Демири.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста