📷 Пенелопе Круз во досега најсексапилно издание – градите во преден план

од Симе Стоиков

Познатата актерка позираше за насловната страница на магазинот „ЕЛЛЕ“ и притоа воодушеви со својот изглед.

Актерката Пенелопе Круз (49) изгледа посекси од кога било на насловната страница на новиот број на магазинот „ЕЛЛЕ“ за шпанскиот пазар.

Познатата убавица неодамна ја промени фризурата и се испоставува дека направи полн погодок, а се најде на насловната страна во едно многу предизвикувачко издание кое наиде на позитивни реакции во јавноста.

Таа позираше во црн латекс корсет и во преден план ги истакна градите, а направи и неколку фотографии на кои носи зелен фустан од тантела кој ја истакнува нејзината совршена фигура.

Насловната страница на „ЕЛЛЕ“ доаѓа откако Пенелопе ја претстави својата нова реклама на Шанел со Бред Пит.

Слични содржини