НАТО ОЧЕКУВА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ДА ТРАЕ УШТЕ ПЕТ ГОДИНИ: Столтенберг собира уште 100 милијарди долари

103

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер, официјално испрати предлог до членките на алијансата за пет години да се соберат 100 милијарди долари воена помош за Украина, соопшти шефот на дипломатијата на Унгарија, Петер Сијарто.

НАТО сега сака да обезбеди уште 100 милијарди долари во оваа војна. Овој предлог на генералниот секретар на НАТО во вторникот беше доставен до земјите членки на прво читање.

Во вторникот добивме предлог како генералниот секретар сака да собере 100 милијарди долари од земјите членки – рече Сијарто во обраќањето на социјалните мрежи.

Според него, се очекува новиот фонд да биде распределен во текот на пет години.

– Тоа значи дека НАТО смета на продолжување на војната за уште пет години и знаеме какви ризици повлекува тоа – додаде Сијарто.

Шефот на унгарското Министерство за надворешни работи нагласи дека „во следните недели во разговорите ќе се борат Унгарија да ја држат подалеку од ова лудило, од снабдување со оружје, обука на украинската армија и собирање на овие 100 милијарди долари и нивно пумпање во војната“.