Шпанија имаше водство, но Германците возвратија за конечни 1:1 на дерби средбата од групата Е на Светското првенство во Катар. Германија влезе на средбата со поголем притисок поради киксот во првото коло, а во 62. минута повторно имаше негатива. Резервистот Алваро Мората одлично се снајде во шеснаесетникот на противникот и донесе водство за „фуријата“, а таа предност беше актуелна до 83. минута. Тогаш Фулкруг убаво ја искористи укажаната шанса ...

Во второто коло на Мундијалот во Катар, Шпанија и Германија одиграа борбено и возбудливо дерби со повеќе шанси и два гола, победник немаше. Првпат мрежата беше затресена во 40. минута кога Ридигер погоди, но неговиот гол беше поништен поради офсајд. Во 54. минута во игра влезе Алваро Мората, а само осум минути подоцна тој по асистенција од Алба донесе водство за Шпанија од 1-0. И германскиот селектор одговори со ставање на класичен напаѓач. ...