Search
Студентска уметничка пролет

Поетско музичка вечер по повод светскиот ден на џезот

На 26 април, петок во бифето на Факултетот за драмски уметности во склоп на Студентската уметничка пролет, ќе се одржи поетско музичка вечер по повод светскиот ден на џезот.

„Ја комплетираме со уметничка фузија преку моќта на музиката и пишаниот збор. Поезијата ќе биде претставена од младите студенти на Филолошки факултет „Блаже Конески“ кои ќе ги вткаат емоциите во зборови. А, мелодиите на џезот од талентираните млади музичари од Факултет за музичка уметност ќе не пренесат во поинаков сетилен свет“, стои во најавата на ФДУ. 

Публиката ќе биде сведок на една уникатна колаборација, синергија на уметнички форми кои беспрекорно се испреплетуваат.

Најново

Последни колумни