Каевски: ВМРО-ДПМНЕ e изолирана во својот став против Европа

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ e изолирана во својот став против Европа

Социјалдемократите тврдат дека ВМРО ДПМНЕ била изолирана во својот став против Европа. Од СДСМ сметаат дека Христијан Мицкоски немал план, а дури и политичките партии од албанскиот опозициски блок одлуките за членство во еу ги поставувале како услов за коалицирање по изборите.

„Сите овие панични знаци на нервоза од ДПМНЕ доаѓаат откако Мицкоски го забуди ТВ дуелот од Ковачевски. ДПМНЕ немаат понуда пред граѓаните ниту план за иднината.  Затоа се обидуваат да ја сменат темата. За нивна жал, тв дуелот го видоа голем број граѓаните, снимен е и објавен и не може да се избрише без разлика каква магла се обидуваат да произведат. Со нивните лаги ние нема да се занимаваме. СДСМ има јасен план и визија за европска иднина и тоа го претставуваме пред граѓаните“, вели Дарко Каевски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста