Дончиќ со 40 поени, Далас повторно со „скап“ пораз

Дончиќ со 40 поени, Далас повторно со „скап“ пораз

пред 1 година

Лука Дончиќ постигна 40 поени, но неговите Далас маверикс доживеаја уште еден удар во трката за плејоф, губејќи со 110:104 од Шарлот хорнетс, предводени од Гордон Хејворд, кој даде осум од своите 22 поени во последната четвртина.

Пи Џеј Вошингтон имаше 21 поен и 12 скока, а дебитантот Марк Вилијамс додаде 15 поени и 16 скока за Хорнетс (25-51), кои сега имаат три победи во последните четири меча. Дончиќ го заврши мечот со 40 поени, 12 скока и 8 асистенции за Маверикс (36-39), но во третата четвртина ја доби својата 16-та техничка грешка оваа сезона, што значи дека ќе има еден меч суспензија. Кајри Ирвинг имаше 18 поени, а Тим Хардавеј Јуниор се врати со 15 поени од клупата.

Маверикс повеќе од половина од своите поени ги остварија со своите 19 тројки, и во израмнет меч првпат дојдоа во водство на 5:44 пред крајот со тројката на Дончиќ за 92:90. Но, Хорнетс ги постигнаа следните шест поени за потоа да ја заддржат предноста за победа.

Share
Scroll to Top