ТЕРА

REKLAMA???

КАРАТИСТИТЕ НА ЗАНШИН ДО СЕ ВРАТИЈА СО 19 МЕДАЛИ ОД „ОЛИМПИК ОПЕН“

Од меѓународниот турнир „ОЛИМПИК ОПЕН„ во Скопје, на кој учествуваа околу 950 натпреварувачи од : Македонија, Египет, Англија, Бугарија, Босна, Грција, Косово, Албанија и Црна Гора, битолскиот карате клуб ЗАНШИН ДО  се врати со 19 медала и тоа 3 злата, 3 сребра и 13 бронзи и освои победнички пехар.

Со златен медал и пехар се закитија во ката тим машки 2017 година, Алексеј Петковски, Стефан Бошков и Јована Јовановиќ; Вероника Кочов и Стефани Кикевска и уште еднаш покажаа дека каратето е спорт за сите деца и со одличен настап проследен со аплауз се закитија со златен медал и тоа Стефани Кикеска во ката 2016 година и Вероника Кочов во ката 2009 година. Со сребрен медал се вратија Николај Петковски Јована Јовановиќ и Михаил Јовановиќ во ката тим машки 2015/16, Јована Јовановиќ ката 2016 и Надалина Талевска 2011 ката .Со бронзен медал се закитија Бојана Бошкова, Јована Јовановиќ и Николај Петковски ката тим жени 2016/15; Николај Петковски, Бојана Бошкова и Лана Јовановиќ во ката тим женски 2014/2013: Каја Темелковска , Надалина Талевска и Марија Стојановска ката тим женски 2012/11, Елена Јончевска, Леона Алиловска и Емилија Илковска ката тим жени кадети, Алексеј Петковски ката 2018 година, Стефан Бошков ката 2017 година, Николај Петковски ката 2016 година, Бојана Бошкова ката 2015 година, Михаил Јовановиќ ката 2014 година, Лана Јовановиќ ката 2014 година. Каја Темелковска 2012 година ката, Виктор Ристевски 2012 ката и Надалина Талевска ката 2010 година.

КК ЗАНШИН ДО се подготвува за нови настапи кои следат и тоа СОЛИДАРНОСТ ОПЕН и ОХРИД ОПЕН.