Бројот на пожари на отворено во Штип намален за разлика од лани, граѓаните да бидат внимателни за празниците

Намален бројот на пожарите за разлика од ланската година, изјавија од противпожарната служба во Штип. Во периодот од февруари до март имало пријавно околу 90 пожари на отворено. Во поглед на опремата противпожарната служба е опремена со четири возила и два џипа, кои што не се доволни но во иднина апелираат да се набават нови возила, со цел побрзо да се реагира.

„За разлика од ланската година, оваа година енос сме на почетокот сезоната али за разлика според статистиката од ланската и оваа година имаме намален број на интервенции. Поготово интервенции на отворено, сува трева, стрмниште, ниско стеблеста шума. Оваа година за февруари и март, имаме некаде околу 90 интервенции на отворено но за разлика од лани од ланската година бројот е намален. Па не само во кочанската општина , значи имаме стрниште, и ниско стеблеста шума и во штипскиот регион значи се е тоа до совеста на граѓаните и земјоделците. Од опрема располагаме со едно специјално возило за сообраќајни незгоди, четири возила и два џипа сме опремени но секој пат значи на територијалните противпожарни единци недостасува опрема. Во бројот на вработени територијалната противпожарна единица располага со 34 професионални пожарникари имаме опрема за урбана средина, опрема за шумски пожари Така да сега за сега сме опремени а се надевам и во иднина значи во соработка со Општина Штип бидејќи сме под локална самоуправа правиме напори набавка на нови возила и нова опрема.„ изјави Ренџов

Во пресрет на првомајските празници, Ренџов апелира до граѓаните да бидат внимателни при палењето оган на отворено, со цел да не дојде до некои посериозни последици

„Еден апел до граѓаните, кои што ќе излегуваат на отворено да бидат внимателни да не палат оган, доколку дојде до запалување на оган добро да го изгаснат, за да не дојде до несакани последици„ порача Ренџов.

Како главни причини за избувнување на пожар можат да бидат: палењето оган и скара на отворено, палњето стрништа и пасишта, фрлање отпушоци или работа со алат што искри и за кусо време мозѓе да предизика огнена стихија.

Лаура Стојанова М-Нет