Top Sport

Саинц на пол-позицијата во Силверстон

Возачот на Ферари, Карлос Саинц, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Велика Британија. Шпанецот во последниот круг го постави најдоброто време 1:40.983 минути. За Шпанецот ова е прва пол-позиција во кариерата.

Дождот и патеката на која имаше многу вода, направија квалификациите да бидат исклучително интересни. Покрај Саинц се истакна и пилотот на Вилијамс, Николас Латифи, кој успеа да влезе во третиот квалификациски циклус, трката ќе ја стартува од 10.позиција.

Од првиот стартен ред, покрај Саинц ќе стартува Макс Ферстапен, кој имаше послаб резултата од Шпанецот за 0,072 секунди.

Ист е распоредот во вториот ред, Ферари со Шарл Леклер и Ред Бул со Серхио Перез. Петто време забележа миленикот на домашните навивачи Луис Хамилтон, шести е неговиот сонародник од Мекларен Ландо Норис.

Топ 10 на стратот го заокружија Алонсо, Расел, Жу и Латифи.

Трката за Големата награда на велика бротанија утре ќе започне во 16 часот.

Scroll to Top